04.01.2023 Скопје
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган планира да оствари одделни телефонски разговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски и со рускиот претседател Владимир Путин.
Ова информација ја соопшти Ибрахим Калин, портпаролот и советник на претседателот на Турција.
Претходно на 11 декември Зеленски и Ердоган разговараа за можното проширување на коридорот за извоз на жито од украинските пристаништа, и се претпоставува дека и денешните одделни разговори ќе бидат поврзани со истата тема.
Подготвено од М.Н.