13.01.2023 Скопје
Институтот за јавно здравје на Албанија соопшти дека официјално неделно се пријавуваат по 14.000 случаи на заразени со грип, а споредено со пред една недела овој број е зголемен за 2.000 заразени.
Доколку официјалната бројка достигне 16 илјади заразени во текот на една седмица, земјата влегува во епидемија на грип, а тоа најверојатно ќе биде во следните денови.
Во Албанија циркулираат два подтипа на вирусот А како што е Ah1, кој предизвика пандемија во 2009 година во земјата, и подтипот Ah3 и вирусот на инфлуенца Б. Епидемиолошката состојба е уште потешка, бидејќи според лекарите, барем клинички, респираторниот вирус циркулира и кај малите деца кој предизвикува отежнато дишење и додатни клинички проблеми.
Лекарите посочуваат дека оваа година акцентот е ставен на грипот, бидејќи вирусите на грип се вратиле поагресивно, затоа што беа отсутни за време на пандемијата на Ковид и имунитетот кај населението е значително опаднат.
Подготвено од М.Н.