dusan vlahovic fudbal

24.01.2023 Скопје

Каталонските медиуми откриваат дека шпанскиот гигант будно ги следи случувањата во Јувентус по одземањето бодови и потенцијалниот хаос во тимот од Торино.

На Јувентус ќе му биде многу потешко да стигне до Лигата на шампионите, а во тој случај не се исклучени и потенцијални заминувања во летниот преоден рок.

Фокусот на Барса е на Локатели и Влаховиќ, но ситуацијата со Србинот е многу покомплицирана.

Влаховиќ би можел да биде опција само доколку Јувентус остане без Лигата на шампионите на крајот од сезоната. Исто така, Барса верува дека Влаховиќ би можел да биде идеален трансфер за 2024 година, кога и Роберт Левандовски ќе наполни 36 години.

Директорот на Барселона, Матеу Алемани, изјави дека е во постојан контакт со Влаховиќ и потврдено е дека тие се запознале пред заминувањето во Торино.

„Старата дама“ нема лесно да го пушти Влаховиќ да си замине откако вложи 80 милиони евра, но се може да се промени во следните шест месеци до една година, пишуваат каталонските медиуми.

Подготвено од М.Н.

About Author