https://www.flickr.com/photos/jlagrosas/2345663195/in/photolist-4zh8WT-ZrTnv3-zX2FFE-z4M1Qt-8zuHPw-zFy2ko-5a17X8-cowC8b-cowtKE-A8BwRU-cowCKq-zJ9xge-zJ5b7N-cowuY3-HVZybh-5a5pZY-HS1yhS-JDdEDy-2hLAovJ-cowDyY-5vfqV3-AKovnf-cowzzJ-ZrTjEd-coweeq-cowt7Y-aXuYk2-cowwgs-Z8kwq3-cowHm9-cowxFL-cov54s-cowsvA-MrpGK1-ZrTmxm-Ztn3Pu-Z8kwgW-Ztn3w5-ZrTjaW-ZrTkr3-cowvtW-cowxaq-ZrTnxN-ZrTmo3-Cq3sXj-Z8kw4m-YrvcGW-Zwb2E8-Zwb2VZ-Z8kwQ1

10.01.2023 Скопје

Скопје повеќе не е меѓу првите десет главни и поголеми градови во светот според загаденоста на воздухот. Навидум е воздухот чист и тоа поради ветерот и дождот кои го расчистија смогот во Скопје.

Со индекс 89 на квалитетот на воздухот, Скопје во 9 часот се најде на 26-тото место во светот, овојпат не само во друштво на огромните азиски градови кои се и индустриски центри, туку и во друштво на Варшава и Тел Авив.

Според интернет страницата пулс.еко, невладините мерни станици покажуваат просечно лош квалитет на воздухот кога во прашање се најопасните ПМ2,5 честички кои се застапени со 33 мг на м3 во воздухот, и умерен квалитет на воздухот кога во прашање се ПМ10 честичките.

Квалитетот на воздухот е многу лош во Тетово, каде се измерени ПМ2,5 честички од дури 99 мг на м3, во дел од Битола тие достигаат до 71 мг на м3, во Гостивар 74 мг, a во делови од Струмица концентрацијата на ПМ2,5 честичките достигнува до 94 мг на м3.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author