30.01.2023 Скопје
Истражувачко-издавачкиот центар Демостат, напиша дека, многу јасна е перспектива за членството на Србија во Европската Унија.
Инвестиции во енергетскиот сектор и ослободување од зависноста од Русија во таа област, доаѓање на американски и европски компании се дел од она што Србија би можела да го очекува ако се согласи со предлогот на Западот за решавање на косовското прашање.
Според Демостат, претставниците на ЕУ, САД, Франција, Германија и Италија на средбата во Белград му соопштиле на српскиот претседател Александар Вучиќ дека, доколку Србија го прифати европскиот план, може да влезе во ЕУ до 2030 година.
Демостат додава дека се точни изјавите за можни последици за Србија доколку не го прифати договорот, кои вклучуваат прекин на европската интеграција, запирање и повлекување на инвестициите, враќање на визите, додека аранжманот со Меѓународниот монетарен фонд би бил под знак прашалник.
„Одбивање на преговори за план за решавање косовското прашање за бизнис заедницата која планира да работи или веќе работи во Србија би било дополнителен црвен аларм“, пишува Демостат.
„Не е автентичен француско-германскиот план кој минатата недела се појави во медиумите, ниту конечниот договор што ќе се најде на преговарачка маса, во договорот ќе има клаузула дека ниту една страна нема да ги блокира или охрабрува другите да го блокираат напредокот на другата страна на нејзиниот пат кон ЕУ и дека во договорот нема да се споменува признавање на Косово или членство во ОН“, напишаа од Демостат.
Подготвено од М.Н.