https://www.facebook.com/photo.php?fbid=321729393329439&set=pb.100064771413898.-2207520000..&type=3

09.01.2023 Скопје

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека Стокхолм и Хелсинки го почитуваат трилатералниот меморандум што го потпишаа со Анкара и дека најважно е Шведска и Финска да станат членки на НАТО.

Столтенберг повика на поголема поддршка за Украина и предупреди дека потценувањето на Русија може да доведе до „големи последици за безбедноста во нордискиот регион”.

На маргините на безбедносната конференција што се одржува во Шведска, Столтенберг се сретна со шведскиот премиер Улф Кристерсон, шведските министри за надворешни работи и одбрана, како и со лидерката на опозицијата Магдалена Андерсон, и упати уверувања дека наскоро ќе им се приреди топло „добредојде“ на Финска и Шведска во Алијансата.

Столтенберг потсети дека досега 28 од 30-те земји-членки на НАТО Алијансата го ратификувале влезот на Шведска и Финска во НАТО, а тоа се уште не го сториле само Унгарија и Турција.

Подготвено од М.Н.

About Author