25.01.2023 Скопје
Рускиот амбасадор во САД Анатолиј Антонов соопшти дека, доколку САД испрати борбени тенкови за Украина, тоа ќе биде уште една очигледна провокација против Русија.
„Очигледно е дека Вашингтон намерно се обидува да ни нанесе стратешки пораз“, истакна Антонов во забелешките на амбасадата објавени на нивната официјална страна.
Белата куќа не сакаше да го коментира написот на веб-страната на руската амбасада, но тамошните медиуми шпекулираат дека одлуката за испраќање на тенковите „Абрамс” би била дел од поширок дипломатски договор, во чии рамки Берлин ќе објави испраќање на помал број свои тенкови „Леопард 2″ во Украина и во исто време ќе ги овласти Полска и другите земји да испратат тенкови „Леопард” во Украина.
Подготвено од М.Н.