27.01.2023 Скопје
Претседателот на Хрватсака, Зоран Милановиќ, изјави дека испраќањето западни тенкови во Украина ќе ја продолжи војната во оваа земја, а доколку Вашингтон и Русија не се договорат, ќе следи Трета светска војна.
Милановиќ истакна дека војната во Украина ќе трае додека „Москва и Вашингтон на некое место не го договорат нејзиниот крај“.
Милановиќ ја критикуваше шефицата на германската дипломатија, Аналена Баербок, која во Советот на Европа изјави дека европските земји треба да бидат обединети и да престанат да се обвинуваат меѓусебно бидејќи Европа војува против Русија, а не една против друга.
Милановиќ вели дека досега „не видел вакво лудило“ и дека не знаел дека Европа војува со Русија.
„Можеби Германија е во војна со Русија, тоа е нивна одлука, но ние не сме во војна со никого, ние кои не тераат да војуваме со Русија сме обични пиуни за Амарика“, истакна хрватскиот претседател.
Украина вчера доби големо засилување на своите копнени сили откако Германија и САД соопштија дека ќе испратат тенкови во Киев.
Подготвено од М.Н.