https://www.flickr.com/photos/29933904@N02/2964129970/in/photolist-5vVWz9-2neVdxL-5Ycwxg-2neVtJj-vW5MDc-qeRvNn-5YgLqd-5YgLsh-6HyXXE-vD5x4E-bUrNAe-PAMpso-CBtbKB-5vG1Ff-2neXSmm-CfFoNR-2no6gS2-2iuGAzf-ekKh9K-4ovZR-dfyrPq-gEjL52-5vRDZr-ERf6ar-fCatjt-vD4Rmd-uYEP6w-vW5AUg-vD5hn5-wF3NKP-2neXSnP-pFXBem-8XodtZ-8XrqnS-8Xrnk7-8XrC5N-8XrwwE-z3YiXv-BoKTSR-22Uz5dE-q7rUFi-5Yi6A4-e1C4e-7Xafcv-6HyYNd-6ord7Y-6HuWEx-vUZyL-6HuW2Z-2Tytj

24.01.2023 Скопје

Грчките медиуми објавија дека дојавите за поставени бомби на атинскиот аеродром и во шест болници во Атина биле лажни.

Рано утрово биле испратени мејловите до аеродромот и шесте болници, пишувало дека се поставени бомби, по што полицијата веднаш извршила проверка, но не било пронајдено ништо сомнително.

Грчкото министерство за внатрешни работи соопшти дека се работи на случајот за откривање на ИП адресите од каде се пратени дојавите за поставените бомби во Атина.

Подготвено од М.Н.

About Author