26.01.2023 Скопје
Јапонската полиција трага по лице кое испратило дојави за бомби и смртни закани до стотици училишта, што доведе до нивно затворање.
Заканите биле испратени по факс до средните училишта и универзитетите претходно оваа недела од број регистриран во Токио, а во една од заканите пишува дека се поставени повеќе од 330 бомби.
Заканите за бомби во Јапонија се многу ретки бидејќи земјата е позната по ниската стапка на криминал.
Првиот бран пораки започнал во понеделникот, кој стигна до училиштата и универзитетите низ земјата, соопштија официјални лица.
Во некои медиуми се посочува дека во пораките се барале откупнини од 300.000 јени (2.320 долари) до 3 милиони јени.
Подготвено од М.Н.