09.01.2023 Скопје
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, повика на обединување на ентитетот Босна и Херцеговина со Србија, тврдејќи дека за тоа има поддршка од Србите од двете страни на Дрина и дека таквите планови се поддржани од променетите околности во светот.
Во говорот на Додик одржан во академијата во Бања Лука по повод 9 јануари, кој во Република Српска се слави како ден на ентитетите, и покрај пресудите на Уставниот суд на Босна и Херцеговина, кој го оцени како неуставен бидејќи потсетувајќи на тој датум од 1992 година ги дискриминира Хрватите и Бошњаците бидејќи тогаш започна нивниот масовен прогон од територијата што и беше доделена на Република Српска со Дејтонскиот договор.
Додик истакна дека времето мора да се искористи за обединување на српскиот народ, и додаде дека време е да се размисли за за тоа сите Срби да живеат во една држава, бидејќи односот на силите во светот се променил, па веќе не постојат ограничувања кои досега го спречувале тоа.
Подготвено од М.Н.