13.01.2023 Скопје
Властите во Србија добиваат сигнали дека Вашингтон не гледа позитивно на изборот на новиот директор на Безбедносно информативната агенција (БИА), Александар Вулин.
Официјален Белград досега неколкупати добил слични дипломатски пораки, а последната била од американскиот амбасадор Кристофер Хил на средбата со министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ во понеделникот на 9 јануари.
Од сигурни дипломатски извори се дознава дека амбасадорот Хил му рекол на Дачиќ дека соработката со БИА ќе биде „длабоко замрзната“ во наредниот период и дека по разговорите во Вашингтон било заклучено дека „кадровските решенија” во БИА претставуваат голем проблем за САД.
Вулин во времето кога беше министер на полицијата во Србија имаше неколку средби со секретарот на Советот за национална безбедност на Русија, Николај Патрушев.
Подготвено од М.Н.