https://www.flickr.com/photos/wbcon/4022000798/in/photolist-78pNHm-5Dtoe9-dF36cx-dGc4Dv-NWYvpN-xgiri3-5G3Svi-2igoTTM-qS14jb-srYiPt-e5B2Ku-J4fzsU-8mJPpy-dhUdJQ-2hNSsHK-oQBvK8-Vftcr9-2igpVTc-91pMfc-bf78Hv-dUvu1F-f7yB9n-7sXbhe-9TpqNW-e6XxBc-8mLyH8-9J6mym-c4UzLy-kcT94i-artedw-dxLmgx-bDVEhD-VWGA8s-5eriEM-ak5beQ-o5xgU3-7VLnJZ-bf773K-DoFVqj-eAQaGr-dM22MW-jtz1vS-6u5uTK-7adCve-dgsgVr-23kP1nE-fGbRPZ-9jkDPS-d1Qju-iLL3Ru

23.01.2023 Скопје

На малите екрани во 1923 година прв пат се појави глувчето Мики Маус.

Ни самиот негов креатор, Волт Дизни, не очекувал тоа да биде почеток на најголемата компанија за производство на детски филмови во светот. Сега, „Дизни“ прославува 100 години постоење, а зад себе има илјадници филмови со кои израснаа милијарди луѓе ширум светот.

Приказните за Мики Маус и неговите пријатели, за брзо време се прошириле на телевизиските екрани, станувајќи омилен цртан филм на младите генерации, а неколку години подоцна, „Дизни“ ги запознава луѓето со уште многу познати цртани карактери, кои ќе останат запамтени засекогаш.

„Снежана и седумте џуџиња“, „Пинокио“, „Дамбо“, „Фантазија“, „Бамби“, „Пепелашка“, „Алиса во земјата на чудата“, „Робин Худ“, „Петар Пан“ се само некои од најпознатите цртани филмови кои се појавиле во првите години на оваа компанија.

Богатството и популарноста на „Дизни“ не е само во цртаните филмови. Компанијата го доживеа најголемиот подем со отварањето на првиот „Дизниленд“ во Калифорнија во 1955 година, а отпосле се отворени уште 5 други вакви забавни паркови (Флорида, Париз, Токио, Шангај, Хонг Конг), каде обожавателите можат целосно да навлезат во светот на нивните омилени цртани карактери.

Во изминативе години „Дизни“ забележа голем пад во популарноста и во профитот, и многу критичари сметаат дека „Дизни“ остана назад во времето и дека тие мораат да се модернизираат доколку сакаат повторно да се вратат на успехот кој некогаш го уживаа.

Прославата на „Дизни“ ќе започне на 27 јануари, а од компанијата овие 100 години ги опишуваат како еден долг „ролеркоустер“.

Подготвено од М.Н.

About Author