21.01.2023 Скопје

Потпаролката на Државната изборна комисија (ДИК), Љупка Гугучевска, изјави дека се работи на формирање на центар за обуки за избори, што треба да почне да функционира до пролетта 2024 година.

„Во текот на изминатата година имавме многу активости кои се однесуваат на исполнување на стратешките цели и визијата на ДИК за она како треба да изгледа еден професионален изборен орган во иднина“, истакна Гугучевска.

„Ова е активност што ја спроведуваме со поддршка на Меѓународната фондација за изборни системи ИФЕС со проект финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, а во текот на минатата година беше спроведена студија за изводливост за формирање таков центар за обуки кој се покажа како возможно изводлив проект“ додаде Гугучевска.

Гугучевска исто така потенцираше дека ДИК паралелно работи и на зајакнување на ИТ-системот, како и на други стратешки цели како што е родовото сензитивизирање.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *