25.01.2023 Скопје
Советникот на американскиот Стејт департмент Дерек Шоле го повика Косово да го прифати европскиот предлог за нормализација на односите со Белград.
Шоле соопшти дека разговарал со премиерот на Косово, Албин Курти, за предлогот на ЕУ за нормализација на односите со Србија и апелирал до Косово да го прифати предлогот и веќе да се стави крај на несогласувањата меѓу двете држави.
Дерек Шоле додаде дека клучна тема на разговорот било партнерството меѓу САД и Косово и заедничката цел за подобрување на европската и евроатлантската интеграција на Косово.
Шоле додаде дека со Курти разговарал и за важноста на мултиетничкиот карактер на Косово и напредокот во разговорите за формирање Заедница на српски општини.
Подготвено од М.Н.