27.01.2023 Скопје
Министерството за надворешни работи на Германија соопшти дека пружањето помош на Киев не ја става Германија на страна на Украина во конфликтот со Русија, реагирајќи на изјавата на шефицата на дипломатијата Аналена Бербок на состанокот на Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур.
Бербок во вторникот во Стразбур изјави дека европските земји заедно треба да и помогнат на Украина, и да не играат игра на „наоѓање на виновникот“ во Европа, бидејќи сите се „во војна против Русија, а не една против друга“.
Коментирајќи ја таа изјава министерството за надворешни работи на Германија соопшти дека конфликтот во Украина „е војна против европскиот и светскиот поредок и меѓународното право“.
„На состанокот со членовите на Парламентарното собрание на Советот на Европа министерката за надворешни работи истакна дека Европа мора заедно да застане против оваа војна“, се наведува во соопштението.
Подготвено од М.Н.