hrvatska srednoskolci besplaten obrok

09.01.2023 Скопје

Половина милион основци и средношколци во Хрватска се враќаат во училишните клупи, со тоа што учениците во основните училишта во второто полугодие ќе добиваат бесплатен оброк за време на големиот одмор.

Од буџетот на државата ќе бидат издвоени 73 милиони евра, но мерката им создаде проблем на некои училишта бидејќи два месеци од донесувањето на оваа одлуката не им беа доволни за соодветно да се подготват.

Се очекува дека во првите неколку седмици од стапувањето на мерката во сила, основците ќе добиваат готова храна како пецива, пити, овошје со јогурт или млеко односно храна што не мора да се приготвува во самите образовни установи.

Подготвено од М.Н.

About Author