30.01.2023 Скопје

Данска покажа дека е доминанта сила во ракометот освојувајќи три светски првенства едно по друго. Предводена од Николај Јакобсен Данска во финалето ја совлада Франција со 34-29, со ова Данците направија нешто што не му успеало на никој досега, третпат по ред станаа светски шампиони.

Во текот на првото полувреме Данска имаше највисоки пет разлика, 12-7, но Франција се врати и на полувреме замина само со еден негатива.

Франција дојде до 17-17, на почетокот од второто полувреме, но не успеа да направи ништо повеќе. Данска имаше моќен финиш на мечот и на крајот дојде до убедлив триумф од 34-29.

Лауге Шмид со 10 голови од 11 шута беше најдобриот поединец кај Данска, Питлик постигна девет голови, во составот на Франција, Ремили даде шест погодоци.

Ова е трета светска титула за Данска во шестото финале и првпат некоја репрезентација да освои три мундијали едноподруго. Французите го освоија второто сребро во осмото финале и со 12-ти трофеј од светските првенства се изедначи со Шведска, како најдекорирана нација.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *