https://www.instagram.com/p/Cgtsrk-Mi57/

10.01.2023 Скопје

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска ќе престојува во еднод евна посета на Унгарија.

Дачиќ во Будимпешта ќе одржи средба со унгарскиот колега, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Петер Сијарто.

Попладнево, српскиот министер е предвидено да се сретне со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Во ноември минатата година, Дачиќ и Сијарто на маргините на министерскиот состанок на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ) во Софија разговараа за важноста од зајакнување на регионалната соработка преку иницијативи како што е ЦЕИ.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author