https://www.facebook.com/photo.php?fbid=465321278971323&set=pb.100064803633704.-2207520000.&type=3

28.01.2023 Скопје

Денеска, шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ изјави дека е јасно напишано што претставува Заедницата на српски општини во Бриселскиот договор од 2013 година и уште подетално во договорот од 2015 година, наведувајќи дека тие договори се круна на учеството на официјален Белград во дијалогот со посредство на ЕУ.

Дачиќ, кој го потпиша првиот Бриселски договор, додаде дека и двата договора се круна на учеството на официјален Белград во дијалогот со посредство на ЕУ, кој, како што истакна, се обврзале да се спроведе. Исто така, истакна дека никогаш немало причина да не се спроведе договорот, освен упорното одбивање на Приштина да го спроведе, и неограничената толеранција на западните посредници кон нивното уништување.

ЗСО, како што истакна Дачиќ, останува главната точка на договорот.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author