https://www.facebook.com/photo.php?fbid=700066841712443&set=pb.100051273999873.-2207520000.&type=3

02.01.2023 Скопје

Никола Миротиќ, најдобриот играч на Барселона, синоќа ја реши драмата во Белград протв Црвена звезда. Со звукот на сирената тој погоди тројка за 84:84.

Миротиќ мечот го заврши со 12 поени, меѓутоа спорна е тројката која на крајот од регуларниот дел од натпреварот поранешниот шпански репрезентативец, во моментот кога ја прими топката, со едната нога ја газеше аут линијата.

Миротиќ истакна дека такви работи не би требало да се случуваат, бидејќи има толку многу камери и забавени снимки.

На крајот Барселона во продолжението славеше со победа со краен резултат 99:94.

Подготвено од М.Н.

About Author