https://www.flickr.com/photos/cementley/34640312584/in/photolist-2UBENz-UM3E5G-Vp6wP4-bbv8HP-Vz4mLg-VvvsgN-UktYDv-Uku59i-Vnuk6k-Vz487n-ieSU9R-VvvvLo-2mfz92W-VvvkpG-5UP3Vv-249cmy1-EFmkNH-wLqvo-Gncwsn-5rAsPR-23gqqnu-7KfKut-5mtees-2cPoGZZ-VkRRt5-SniGgy-oKYPMb-EPsHU9-VjsCm5-dbRMLH-Sj1qUw-5vtfZz-GvRkin-5DS921-UYTrow-2kQuapa-2kQuaoJ-9mMxVF-2avopL7-4N9Qk-gMpye7-8yAMjL-Gxae6P-nzyUx9-o7GvUv-SE6tY9-9nAJKp-3dv8aD-o5C6MF-74dvkW

20.01.2023 Скопје

За 25 години Црна Гора ја напуштиле 140.000 граѓани, а според статистиката 5.000 од нив ја напуштиле државата минатата година.

Причините за миграцијата, според експертите, се неможноста за заработка, партиските вработувања и општата нестабилност на општеството.

За да се запре овој тренд, на луѓето треба да им се понуди можност самостојно да се реализираат во Црна Гора, изјави Срѓан Периќ од движењето „Преокрет“.

„Тоа е можно, но цената што ја плаќаме, во суштина, поради доминацијата на партиите кои буквално одлучуваат за секое работно место, а тоа ги демотивира младите“, истакна Периќ.

Според податоците на Монстат од минатата година, во Црна Гора живеат близу 618.000 жители, што е нешто повеќе од 3.000 во однос на 1991 година.

Периќ истакна дека тоа значи голема стагнација, особено во однос на крајот на минатиот милениум.

Подготвено од М.Н.

About Author