23.01.2023 Скопје
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска оствари средба со поглаварот на МПЦ, Архиепископот Охридски и Македонски Г.Г. Стефан со кој разговараше за моменталната состојба со црквата „Свети Константин и Елена“, која се наоѓа на улица „Македонија“ и која што се уште е во градба.
Општина Центар на барање на МПЦ, нема да ги отстранува тарабите и истите ќе останат се до завршување на финалните работи на објектот.
„Одлуката кругот на црквата да остане ограден е пред се поради безбедносни причини со оглед на фактот дека над камбанаријата се уште се извишува кран“, соопштија од Општината, и додадоа дека во однос на ова прашање, граѓаните во иднина навремено ќе бидат известени за следните чекори.
Подготвено од М.Н.