cipras predlognedoverba na vlada grcija

26.01.2023 Скопје

Шефот на опозицијата во грчкото собрание, поранешниот премиер на левичарската партија Сириза, Алексис Ципрас, поднесе предлог за изгласување недоверба на конзервативната влада на Киријакос Мицотакис.

Гласањето доверба на владата треба да биде до петок, а се очекува да биде отфрлено бидејќи власта им комотно мнозинство од 156 пратеници од вкупно 300.

Овој предлог би можел да го натера премиерот, редовните избори кои се планирани за пролет да бидат порано, а тоа со месеци го бара опозицијата, наведуваат аналитичарите.

Ципрас на седница на собранието истакна дека тоа го бара за да се „поддржи демократијата“ и бидејќи смета дека премиер не може да остане на власт по прислушување на еден министер и пет воени функционери, а додаде дека под државен надзор биле и пет министри и пет воени функционери.

Ципрас пред пратениците соопшти дека има докази, кои му ги има обезбедено независното тело за безбедност на Телекомот (АДАЕ) за надзор на министерот за труд Костис Хаџидакис, началникот на генералштабот на грчката војска Константинос Флорос, командантот на копнената војска Хараламбос Лелусис, и двајца поранешни воени функционери.

Подготвено од М.Н.

About Author