11.01.2023 Скопје
Украинскиот претседател Володимир Зеленски им го укина украинското државјанство на четворица политичари, меѓу кои и Виктор Медведчук, кој минатата година беше префрлен во Русија како дел од договорот за размена на затвореници.
Зеленски донесе одлука да им го одземе државјанството на четири лица: Андриј Леонидович Деркач, Тарас Романович Козак, Ренат Равелиович Кузмин и Виктор Володимирович Медведчук.
Медведчук, беше опишан како близок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, ја водеше забранетата проруска опозициска партија Платформа за живот во Украина и се соочи со обвиненија за предавство пред да биде префрлен во Москва во септември 2022 година.
Козак и Кузмин беа избрани во украинскиот парламент за членови на партијата на Медведчук, Деркач пак, беше обвинет во САД во декември за перење пари и кршење на санкциите, а беше обвинет и дека и помогнал на Русија наводно да се меша во претседателските избори во САД во 2020 година.
Подготвено од М.Н.