18.01.2023 Скопје
Турскиот министер за надворешни работи, Мелвут Чавушоглу, го нарече „чист апсурд“ тоа што шведскиот државен обвинител не презема ништо во врска со инцидентот во кој демонстранти обесија кукла со ликот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Шефот на турската дипломатија истакна дека инцидентот е расистички напад, злосторство извршено од омраза, и дека Шведска не треба ниту да се обиде да ја залажува Турција дека се работи за слобода на говор, истакна Чавушоглу.
Шведскиот обвинител пак, излезе со изјава дека нема да покрене официјална истрага во врска со овој случај.
Подготвено од М.Н.