Photo by form PxHere

21.01.2023 Скопје

Федералниот завод за статистика соопшти дека цените во Германија го забавуваат растот трет месец по ред, а експертите веруваат дека врвот на инфлацијата веќе е поминат.

Федералното биро за статистика објави дека цените на производителите во декември, во однос на ноември, се намалиле за 0,4 отсто, што е трет месец по ред како цените се намалуваат.

Во декември, споредено со истиот период минатата година, продажните цени се повисоки за 21,6 отсто. Во август, споредено со истиот период од 2021 година, цените се повисоки за 45,8 отсто. Од септември, темпото на раст на цените почна да опаѓа. Во цела 2022 година цените се зголемија за 32,9 отсто, што е рекордна вредност од воведувањето на статистиката во 1949 година.

Цените на енергијата во декември 2022 година се за 41,9 отсто повисоки отколку во истиот период во 2021 година. Цените на гасот и нафтата почнаа да се намалуваат кон крајот на годината, што исто така имаше влијание врз намалувањето на стапката на поскапување.

Цените на бензинот почнаа да се намалуваат по отворањето на првите германски терминали за течен гас, но и поради поблагата зима и помалата потрошувачка.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *