Image by Bernd Schray from Pixabay

03.01.2023 Скопје

Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека цената на горивата од полноќ ќе се зголеми за 1,5 до 2 денари.

Еуросупер 98, Дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство ќе поскапат за 1,5 денар, додека цената на Еуросупер 95 ќе се зголеми за два денари.

Новите цени ќе бидат:

– Еуросупер 95 – 79 денари за литар;
– Еуросупер 98 – 81 денар за литар;
– Дизел – 81,5 денари по литар;
– Екстра лесното масло за домаќинство – 80 денари за литар.

Исто така, за 0,062 денари се зголемува и цената на Мазутот М-1 НС и новата цена ќе изнесува 40,655 денари за килограм.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author