14.01.2023 Скопје
Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, изјави дека цените на бензинот сега се пониски во ЕУ отколку пред руската инвазија на Украина.
На почетокот на шестмесечното претседавање на Шведска со Европската унија, Фон дер Лaјен изјави дека за осум месеци од почетокот на конфликтот во Украина, Русија го намалила снабдувањето со гас на ЕУ за 80 отсто, но дека ЕУ компензирала за ова со диверзификација.
„Напорната работа се исплатеше. Цените на бензинот сега се пониски отколку пред руската инвазија“, истакна Фон дер Лајен на заедничката прес-конференција со шведскиот премиер Улф Кристерсон во Кируна, Шведска.
Фон дер Лајен додаде дека мора да се продолжи да се зголемува притисокот врз Русија и, се разбира, да се продолжи со непоколеблива поддршка на Европската унија кон Украина.
Подготвено од М.Н.