13.01.2023 Скопје
Министерството за образование и наука соопшти дека почнува подготвителни активности за крупниот инфраструктурен проект кој предвидува целосна обнова на државните студентски домови и нивно трансформирање во енергетски ефикасни објекти.
Реконструкцијата ќе опфати осум објекти во кои ќе се обезбедат подобри услови за сместување, престој и удобност во студентските домови.
Министерот за образование и наука Јетон Шеќири во ноември ја најави реализацијата на проектот за етапно реновирање на студентските домови во државава, кој претставувајќи го Акцискиот план соопшти дека таа ќе стартува на почетокот на 2023-та, најпрво со домот „Стив Наумов“ во Скопје каде што условите се најлоши.
Шаќири посоќи дека проектот вреден околу 20 милиони евра од Германската развојна банка ќе се спроведува во три фази во три години и дека се очекува првата фаза за реновирање на неколку домови да почне во јануари-февруари годинава.
Според Акцискиот план, во рамки на првата фаза, од почетокот на 2023 се очекува да стартуваат градежните работи и во двете наредни години ќе бидат распределени, во втора и трета фаза, студентските домови што ќе бидат реновирани.
Планот за големиот инфраструктурен зафат бил соопштен и на меѓународна конференција за ученичките и студентските домови во Југоисточна Европа, која деновиве се одржува во Белград и каде што учествува и делегација од МОН.
На конференцијата било посочено и дека Министерството за образование и наука во соработка со здруженија на млади и здружението на ученички и студентски домови работи на подготовка на нов закон за младински стандард со кој, меѓу другото, ќе се реформира начинот на финансирање на ученичките и студентските домови и ќе се подобри стандардот на младите во нашата држава.
Подготвено од А.Ѓ.