24.01.2023 Скопје
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во Скопје оствари средба со амбасадорот на Чешка, Јарослав Лудва.
Потенцирајќи ги одличните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Чешка, Османи нагласи дека претстојната посета на неговиот чешки колега Јан Липавски на нашата земја е потврда за традиционалното пријателство и широка заедничка соработка.
Османи и Лудва се согласија дека двете држави остваруваат значајно партнерство во рамки на ООН, НАТО и ОБСЕ, а Чешка останува еден од најгласните поддржувачи на Република Северна Македонија во однос на политиката на проширувањето кон ЕУ.
На средбата двајцата соговорници разговараа и за актуелното претседателство на нашата земја со ОБСЕ и безбедносните и економските предизвици со кои земјите се соочуваат по руската воена агресија на Украина.
Подготвено од М.Н.