https://www.facebook.com/photo?fbid=740234460791211&set=pb.100044139924327.-2207520000.

16.01.2023 Скопје

Бујар Османи утрово пристигна на главната железничка станица во Киев, каде во својство на претседавач со ОБСЕ ќе оствари посета на Украина.

Во рамките на посетата на Османи предвидени се низа средби со високи претставници на државната власт на Украина.

Османи, по пречекот веднаш се упати во посета на градот Бородјанка, во киевската област, кој беше силно погоден од руските воените дејствија.

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија соопшти дека, посетата на Османи на Киев е во рамките на реализацијата на еден од главните приоритети на претседавањето, состојбата во Украина, со посебен фокус кон луѓето на терен кои се најпогодени од воената агресија.

Подготвено од М.Н.

About Author