10.01.2023 Скопје
Бугарскиот Уставен суд ќе го испита барањето за оценување на одлуката за воена поддршка на Украина, поднесена од лидерот на проруската популистичка партија Вазраждане, Костадин Костадинов во име на неговата партија.
Во декември, пратениците на парламентот одлучија да обезбедат воена поддршка за Украина со убедливо мнозинство. Само Вазраждане и Социјалистичката партија БСП беа против тоа, велејќи дека ова ќе доведе до тоа Бугарија да биде „трајно вклучена во вооружениот конфликт“.
Обезбедувањето помош на украинската армија, особено од нејзините огромни резерви на муниција според советски стандард, „не е само несериозно, туку и криминално по својата природа, заземајќи страна во конфликтот“, барањето што го подготви Костадинов, правник и етнограф од областа, а поддржан од 50 пратеници од БСП и Вазрархдане.
Во истото барање пратениците го споредуваат членството на Бугарија во НАТО со времето кога Кралството Бугарија беше вазална држава на Отоманската империја на крајот на 14 век.
Известувач за предметот во Уставниот суд е судијата Јанаки Стоилов, поранешен пратеник од БСП и поранешен министер за правда. Тој е член на судот од квотата на претседателот Румен Радев, кој исто како БСП и Вазраждане не сака Бугарија да испраќа воена помош за Украина, тврдејќи дека тоа директно ја вклучува земјата во војна.
Во документите за уставниот случај, експлицитно пишува дека Костадинов ги застапува сите 50 пратеници, вклучително и оние од Бугарската социјалистичка партија.
Подготвено од А.Ѓ.