19.01.2023 Скопје
Во 2022 година водечки увозник на домати од Турција во 2022 година беше Романија, каде беше испорачано производство за 65.228 милиони долари. Следува Украина, каде беше испорачано производство за 45.320 милиони долари, а Бугарија е трета со 38.113 милиони долари.
Во споредба со 2021 година, обемот на извозот на домати од Турција во 2022 година е зголемен за 4 отсто, на повеќе од 377 милиони долари.
Податоците од агенцијата Анадолија покажуваат дека во 2022 година, Турција испорача 526.703 тони домати во 54 земји, вклучувајќи ги Романија, Украина, Бугарија, Германија, Обединетото Кралство, Чешка, Швајцарија, Шпанија, Казахстан, Латвија, Русија, Полска и Малезија.
Обемот на извозот на домати во однос на цените во 2022 година е 377.418.000 долари во споредба со 362.993.000 долари во 2021 година.
Првиот човек на Здружението на инвеститори и производители на стакленички производи, Муслим Јанмаз, за агенцијата Анадолија изјави дека во однос на минатата година, растот на извозот на домати бил добар, но извозниците не успеале да ја достигнат посакуваната вредност.
Подготвено од А.Ѓ.