16.01.2023 Скопје
Претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, денес претпладне ќе го додели мандатот за состав на нова влада на политичката партија „БСП за Бугарија“.
Првиот мандат беше доделен на ГЕРБ-СДС, но составот на Владата со кандидатот за премиер Николај Габровски не ја доби потребната поддршка во бугарскиот Парламент.
Вториот мандат претседателот Радев му го додели на кандидатот за премиер на политичката партија „Продолжување со промена“, Николај Денков, но и Денков не ја доби поддршката во Парламентот за декларацијата со приоритетите.
Денешниот трет мандат е последна можност за формирање Влада во најсиромашната земја во Европската унија.
Доколку овој трет мандат не се спроведе успешно, односно не биде изгласан во Парламентот на Бугарија, според Уставот, претседателот на бугарската држава мора да распише нови парламентарни избори.
Подготвено од М.Н.