https://www.flickr.com/photos/126998010@N06/15242734091/in/photolist-pdWZNc-adcSs1-dAHCsg-QF7NuX-cwUYof-2dABo9-4JAYCL-9rMGvo-64ZTYZ-4UQnLX-8D6njD-e8WtGu-5MTErr-nLq9MD-ERkzN-2dvYMR-fvqLkX-A71Z5P-fvqhsP-3woKu8-avTzGX-e27h5R-cGfSX-fLhNHY-QykQBm-fLhAUY-fL11FV-TzGy9m-N56db-qVVHSr-7435yb-ngYp8c-dGcCLb-5MM4Au-N7tZc-nwqfGq-2qd4aU-EBpPBD-fLhJe7-fL1q7P-fLhwgq-n3hrj-5cNvit-5MGCA4-6EXWQ8-nytVeA-2dw1Y6-7bnQ8M-6pMQHZ-9jCSUX

17.01.2023 Скопје

Бројот на населението во Кина минатата година падна за првпат од 1961 година, историска пресвртница што го означува почетокот на, најверојатно долгиот период на опаѓање на кинеското население што би можело да предизвика Индија да стане најнаселена земја во светот во 2023 година.

На крајот на 2022 година, Кина имаше 1,41175 милијарди жители во споредба со 1,41260 милијарди една година порано, објави Државниот завод за статистика.

Стапката на наталитет беше 6,77 новороденчиња на 1.000 луѓе, што е намалување од 7,52 во 2021 година, и ова е најниската стапка на наталитет во Кина досега.

Демографскиот пад во голема мера е резултат на кинеската политика за едно дете од 1980 до 2015 година, како и на огромниот трошок за образование, поради што многу Кинези имаат само едно или ниту едно дете.

Иако локалните власти во 2021 година воведоа мерки за да ги охрабрат луѓето да имаат повеќе деца, вклучувајќи даночни олеснувања, подолго породилно отсуство и субвенции за домување, овие мерки не се очекува да го променат трендот на долг рок.

Кина исто така, имаше највисока стапка на смртност од 1976 година, 7,37 смртни случаи на 1.000 луѓе, од 7,18 во 2021 година.

На долг рок, експертите на ОН предвидуваат дека бројот на Кинезите ќе се намали за 109 милиони до 2050 година, што е тројно повеќе од прогнозата за 2019 година.

Подготвено од М.Н.

About Author