https://www.flickr.com/photos/142841067@N07/44432040394/in/photolist-2aGiPBY-5Z5zu6-JtKPB4-WxDKsa-57cfJY-cMkj29-bWPtAg-9zQwjh-FsWRLq-FYvnfP-agbdbS-6jMatj-fHZZt4-6jGYyx-Qpn9dH-fjUfEN-55WDUJ-JkkXXU-cRjRB1-JnUrWr-ZyLhnC-owuo7w-26yrAgE-RMTsDC-NVjaaC-p359SL-28QmjDs-8tXgNK-nWD3AZ-6tFyBV-25a6mj2-f4ZxK-nuXYb3-8FLAAH-ndB4Fr-ejGHES-9EPENm-7ZEtuT-ar4br2-anfnMh-27BCEFD-erbx8z-fpDUAM-28tezTp-N7TPo2-9ZtAK1-eUcM9P-oaBt8P-bu8GrV-cmkGrb

03.01.2023 Скопје

Две години по излегувањето на Велика Британија од Европската Унија, речиси две третини од Британците сега поддржуваат референдум за повторно пристапување во Унијата.

Бројот на луѓето што се противат на уште едно гласање паднал на помалку од една четвртина од гласачите, што сега се против референдум во Велика Британија.

Обединетото Кралство формално ја напушти ЕУ на 31 јануари 2020 година, но „транзициониот период“ значеше дека ги почитува бриселските закони и останува на единствениот пазар до 31 декември 2020 година.

Британците веруваат дека економијата, глобалното влијание и способноста на Велика Британија да ги контролира сопствените граници се влошени, и се чини дека тоа најмногу придонесе за зголемување на бројот на оние што сакаат нов референдум за членство во ЕУ.

Според податоци од едно истражување, 22 отсто од Британците сакаат референдумот да се одржи веднаш, 24 отсто во следните пет години, а 11 отсто во следните шест до 10 години.

Само четири отсто од нив сметаат дека втор референдум треба да се одржи за повеќе од 20 години, а оние што велат дека никогаш не треба да има нов референдум паднале од 32 на 24 отсто.

Вкупно 56 отсто од населението во Британија смета дека напуштањето на ЕУ ја влошило економијата, а половина од Британците сметаат дека тоа ја влошило способноста на Велика Британија да ги контролира сопствените граници, што беше клучно ветување на заговорниците на брегзитот.

Подготвено од М.Н.

About Author