03.01.2023 Скопје
Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, во свој авторски текст на блогот на дипломатската служба на ЕУ, истакна дека во годината на војната во Украина, енергетската и климатската криза, и покрај зависноста од увозот на руски фосилни горива , Европската унијата сепак не „попушти пред уцените на Путин“.
„Успеавме да ја пополниме празнината и да ги финализираме важните реформи за да ја забрзаме нашата енергетска транзиција и тоа ќе има значително геополитичко влијание“, додаде Борел.
Според мислење на Борел, освен во самата Украина, војната предизвика сериозна енергетска криза и во Европа поради начинот на кој Русија ја користи енергијата.
Подготвено од М.Н.