rke bitola prekin blok 1

24.01.2023 Скопје

Од РЕК Битола соопштија дека нема никакви сериозни проблеми на некоја од постројките, и дека не се точни исказите дека поради дефет Блок 1 од РЕК Битола е надвор од мрежата.

„Блок 1 на РЕК Битола е плански исклучен од мрежа заради повеќе интервенции на различни позиции во постројката. Предвидено е активностите да завршат до сабота и викендов Блок 1 повторно да биде ставен во функција“.

„Активностите се преземени плански токму деновиве бидејќи сите останати капацитети на АД ЕСМ се во погон и произведуваат електрична енергија со која во целост се задоволуваат потребите на домаќинствата, на малите потрошувачи и на останатите капацитети согласно владините задолженија“ се вели во соопштението од ЕСМ.

Подготвено од М.Н.

About Author