30.01.2023 Скопје
Претседателот на Партијата за демократска акција (СДА) Бакир Изетбеговиќ изјави дека владата во Федерацијата Босна и Херцеговина не може да се формира без СДА и Демократскиот фронт (ДФ) на Жељко Комшиќ.
Изетбеговиќ додаде дека „Тројката“ може да продолжи со „детско инсистирање победничките партии да се повлечат на своја штета и да им овозможат да создадат владина структура во Федерацијата Босна и Херцеговина со ХДЗ, онака како што тие го создадоа Советот на министри со Хрватската демократска заедница на БиХ (ХДЗ БиХ) и Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД), но дека на сите им е јасно дека нема ништо од тоа“.
Изетбеговиќ истакна дека новиот состав на Советот на министри на БиХ, е најлошото свикување од потпишувањето на Дејтонскиот договор, и тоа може само да ја промени траекторијата на БиХ кон полошо.
Подготвено од М.Н.