04.01.2023 Скопје
Полските власти соопштија дека Германија ги известила дека нема намера да влегува во преговори за какви било репарации за Втората светска војна, бидејќи Берлин смета дека прашањето е одамна затворено.
Во текот на овој долготраен спор, Германија инсистираше на тоа дека прашањето е затворено со одлуки донесени во времето на комунизмот, кога Варшава се откажа од барањето репарации.
Полска истакна дека тогаш била под притисок од Москва, и повторно во октомври испратила формално барање за компензација.
Полското Министерство за надворешни работи упати апел до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш и други високи претставници на ОН, за поддршка за добивање компензација за претрпените загуби од 1.300 илјади милијарди долари за време на нацистичката окупација 1939-1945 година.
Подготвено од М.Н.