https://www.flickr.com/photos/137294100@N08/51935389869/in/photolist-2k8At26-YFuFKZ-2n8ms1n-2kJXfNs-2kzwfaw-XPUsts-ksxd8b-2k9BEoX-2niPY68-AwT7ws-JNruKP-2jGh3RC-2jwhR8R-2nASDyQ-2mcpVUG-2mQMQe9-2kftbK4-QFTfv3-2kuBNLy-dgL7K5-29XwAr8-Jo4UiP-2jbW1Nu-6hQ7WD-JwdWEm-2jVuRMb-CdUPWg-TEeCGv-2k4jCmK-u6cZkR-2jAnzUM-5BWLwU-2n7RBBa-R8piK5-2iG7bMR-DzvLtG-MAXtX4-8BSRaW-YniH75-zBv72B-2njdG8s-nhyTpQ-2n3z8d8-ajwHub-dFtq7P-2jHSuuJ-V3Zy7W-2kugwZy-2kfexc9-XdFXpt

18.01.2023 Скопје

Белата куќа соопшти дека ќе дејствува со „добра волја“ во врска со истрагите на Надзорниот комитет на Претставничкиот дом за несоодветното чување на доверливите документи во домот и канцеларијата на претседателот Џо Бајден.

Советник на претседателот за време на викендот изјави дека уште пет доверливи страници биле пронајдени во домот на претседателот во градпт Вилмингтон, во сојузната држава Делавер, и потврдил дека тие веднаш биле предадени на Министерството за правда, а јавниот обвинител Мерик Гарланд веднаш назначил специјален истражител за случајот.

Портпаролот на Белата куќа, Иан Самс, изјави дека редовното јавно обелоденување на детали за случајот во време на истрагата на Министерството за правда претставува ризик информациите кои повремено се објавуваат, да бидат нецелосни.

Министерството за правда одделно го истражува откривањето на високо чувствителни доверливи документи кои поранешниот претседател Доналд Трамп ги чувал во неговото одморалиште на Флорида откако ја напушти Белата куќа во јануари 2021 година.

Подготвено од М.Н.

About Author