https://www.facebook.com/fcbarcelona/photos/a.299455459304/10161857621824305/

09.01.2023 Скопје

Поради киксот на Реал Мадрид, и победата во дербито против Атлетико Мадрид на „Вандра Метрополитано“, Барселона е повторно на првата позиција во најсилното шпанско првенство.

Барса моментно има 41 бод, три повеќе од второпласираниот Реал Мадрид, додека Атлетико Мадрид е на петтото место со 27 бодови.

Дерби натпреварот од 16 коло на „Ла Лига“ му припадна на каталонскиот гигант со резултат 0:1.

Имаше многу шанси на двете страни, особено во првото полувреме, но само една топка заврши во голот, а тоа се случи во 22 минута, кога Усман Дембеле постигна гол по асистенција на Гави.

Во 92 минута имаше и два црвени картони, по еден на двете страни. За домашната екипа беше исклучен Стефан Савиќ, а за гостите Феран Торес поради еден меѓусебен судир.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *