https://www.flickr.com/photos/footpicshd/51938533109/in/photolist-YLD6QU-WXjskj-29JbvTh-2hppt1q-25ZYHMc-HfCdTZ-Y8XpT6-2n4beXR-2n8Cyoa-2ng24Hp-2n6ZXA8-2n3CCib-2n6WPng-2gF5gBB-23jJihV-2gMe5QU-2bTnPE1-2jtcEJu-2emewFR-MuYQTQ-KhKCj5-2gMaiUw-Y8Xqug-259bkhX-JHSi91-YxWGZL-29f5wo7-2efH2gA-XwWPz1-297JZG7-2eQeZBo-2kP4hve-2iVwyjz-WTnTsc-2ndE5WL-2iTtUuX-XwWQ4s-2mU95LN-27jBJMd-QZar9m-XwWQWj-2n8CyfQ-2mcT8J3-XwWQtq-egEY81

05.01.2023 Скопје

Барселона се пласираше во осминафиналето на Кралскиот куп откако дури по продолженијата успеа да го елиминира третолигашот Интерсити со 4:3.

Неочекувано домаќинот го изненади каталонскиот гигант за кој инаку добро почна мечот со првиот гол во четвртата минута преку Араухо погоди за водство на Барселона 0:1. Тој резултат остана до 59 минута кога израмни Солдевила.

Дембеле беше прецизен за ново водство на Барса од 2:1 во 66 минута, но Солдевила повторно се запиша во листата на стрелците во 74 минута за 2:2. Рафиња погоди три минути подоцна за ново водство на тимот на Чави, но во 86. минута Солдевила постигна хет трик и го одведе својот тим во продолженија. Солдевила е и првиот играч кој постигнал хет-трик против Барселона по Мбапе во 2021 година.

Во 104 минута Барселона успеа да постигне уште еден гол, победнички, преку Ансу Фати.

Подготвено од М.Н.

About Author