31.01.2023 Скопје
Претседателот на Америка, Џо Бајден, изјави дека Вашингтон нема да испраќа борбени авиони Ф-16 во Украина.
Минатата недела западните медиуми објавија дека група воени претставници „тивко“ барале од Пентагон да испрати Ф-16 во Киев.
За ова прашање претходните денови дебатираше и францускиот претседател Емануел Макрон, кој не ја исклучи можноста Париз да испрати борбени авиони во Киев, но само под одредени услови. САД за неколку недели ќе испратат тенкови М1 Абрамс во Украина.
Подготвено од М.Н.