27.01.2023 Скопје
Претседателот на Америка, Џо Бајден, размислува да направи турнеја низ Европа во февруари, кога ќе биде годишнината од почетокот на руската инвазија врз Украина.
Според извори од американската влада, Бајден ја истражува можноста за посета на голем број земји, вклучувајќи ја и Полска, но не е наведено дали планира да ја посети и Украина.
Не е исклучено во истиот период САД да објават нов пакет воена помош за Украина, посочуваат изворите.
Подготвено од М.Н.