https://www.facebook.com/photo?fbid=569119701881664&set=a.356649399795363

03.01.2023 Скопје

Претседателот на САД, Џо Бајден, соопшти дека Вашингтон не води разговори за заеднички нуклеарни вежби со Јужна Кореја.

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол, претходно, изјави дека Сеул и Вашингтон се вклучени во разговори за спроведување на заеднички вежби со употреба на нуклеарни средства за ефективно одвраќање, оценувајќи дека САД се доста позитивни во однос на идејата, но Бајден кусо и категорично ги отфрли тврдењата на јужнокорејскиот колега.

Тензиите на Корејскиот Полуостров повторно се зголемија откако Северна Кореја лансираше десетици проектили минатата година во серија тестирања на оружје, вклучително и интерконтинентални балистички ракети.

Подготвено од М.Н.

About Author