09.01.2023 Скопје
Претседателот на Америка, Џо Бајден, синоќа ја започна својата прва официјална посета на Мексико по речиси две години на неговата функцијата.
Американскиот претседател Бајден беше пречекан од неговиот мексикански колега Андрес Мануел Лопез Обрадор.
Двајцата лидери денеска ќе имаат билатерални средби пред утрешниот Северноамерикански совет во Мексико со канадскиот премиер Џастин Трудо.
На дневен ред ќе бидат миграциската политика и борбата против трговијата со дрога, како и климатските промени и развојот на синџири за снабдување со електронски делови за да се намали зависноста на САД од Азија.
Во 2021 година, САД и Мексико објавија дека го менуваат својот пристап кон политиката за злоупотреба на дрога и ќе се фокусираат на причините за трговијата со луѓе, по 15 години исклучиво воена стратегија.
Подготвено од М.Н.