https://www.flickr.com/photos/whitehouse/52263852687/in/photolist-2nCnUyp-2nXUVjx-2n6PnXY-2nq5ebM-2mZkZaM-2mZekpG-2mZjFBX-2mZekn7-2n3Y9bQ-2nZxLas-2nwfFtK-2naTKGA-2nantLk-2nauqwY-2nasURQ-2nuUqbc-2nasut6-2nsDSCC-2nwfu7a-2nb2Euu-2naMFLu-2natf2q-2navNHq-2nasYQP-2naSwgw-2nwUKFW-2naukSY-2natf1U-2naw3YE-2naMLpC-2nat5fQ-2nwUKQi-2nweeZo-2nwcr7z-2nauo1L-2nwt6zE-2nwuzGH-2nwUKNE-2nw7TFp-2nwUKM7-2nwt1FK-2nwa16u-2nwdasx-2nwgFaG-2nwfG1S-2nasYpr-2nwx4Bk-2nvXscv-2nwfMXF-2nqKMNY

06.01.2023 Скопје

Американскиот претседател Џо Бајден и германскиот канцелар Олаф Шолц се согласија да испратат борбени возила за да и помогнат на Украина во борбата против Русија, соопшти Белата куќа.

САД имаат намера да и достават на Украина борбени возила за пешадија „Бредли“, а Германија ќе и обезбеди на Украина борбени возила „Мардер“.

Двете земји планираат да ги обучуваат украинските сили за соодветните системи, се вели во соопштението на Белата куќа.

„Бредли“ е оклопно возило со моќен топ, а за потребите на американската армија на боиштата се користи од средината на 1980-тите.

Киев побара од САД да испратат тенкови „Абрамс“ во Украина, но Вашингтон се уште не го одобри тоа барање.

Подготвено од М.Н.

About Author