https://www.facebook.com/photo.php?fbid=215023977768771&set=pb.100077835098866.-2207520000.&type=3

23.01.2023 Скопје

Претседателот на Америка, Џо Бајден, изјави дека битката за абортусот се уште не е завршена откако поминаа 50 години од познатата одлука на Врховниот суд со која се гарантираше пристапот до абортус низ САД, но беше поништена минатиот јуни.

„Денес требаше да ја прославиме 50-годишнината од „Ро против Вејд“, судската одлука што со децении ги гарантираше правата на абортус низ САД, но наместо тоа, републиканските лидери на „МАГА“ (приврзаници на програмата на поранешниот претседател Доналд Трамп „да ја направиме Америка повторно голема“) водеа војна против правото на жените да ги донесуваат сопствените здравствени одлуки“, истакна Џо Бајден.

Во јуни минатата година Врховниот суд на САД ја укина таа пресуда, утврдувајќи дека Уставот не го гарантира правото на намерно прекинување на бременоста.

Врховниот суд, во кој Доналд Трамп именуваше конзервативни судии, им овозможи на дваесет држави во кои републиканците се на власт да забранат или значително да го ограничат пристапот до абортус.

Потпретседателката Камала Харис денеска треба да објави серија нови законски мерки во говорот по повод 50-годишнината од „Ро против Вејд“, и овој пат сакаат да го заштити пристапот до апчиња базирани на мифепристон (РУ 486) за прекинување на бременоста во првите недели.

„Секогаш сум се борел и ќе се борам за репродуктивните права на жените“, изјави претседателот Бајден, иако тој нема големи овластувања околу ова прашање.

Подготвено од М.Н.

About Author